Градскиот базен атрактивен за граѓаните

Околу 700 граѓани дневно за време на викенд и околу 400 дневно во работните денови го посетуваат Градскиот базен во Велес.

Податоците денеска  ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски кој изрази задоволство од брзата интервенција на закупецот на објектот. Според информациите од закупецот на градскиот базен, компанијата „ПН-МП Тренд ДООЕЛ“ од Велес чиј управител е Наташа Петковска и тие се задоволни од бројот на посетители на базенот. Инвестициите во инфраструктура и обезбедување на услови за максимална заштита на капачите, како и сериозниот пристап на компанијата очигледно придонесоа велешани во овој најтопол период од годината да уживаат и да се рекреираат во градскиот базен.

Градоначалникот Коцевски упати јавна благодарност до компанијата и сите поединци што овозможија за краток период да се надминат проблемите и базенот да се стави во функција во интерес на граѓаните