Дневен ред за 7-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 3473/1
19. 08.2009 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 7-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 27.08.2009 година во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 6-та седница на Совет на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 7-та седница на Советот на Општина Велес

1.Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Велес за I и II квартал 2009 година.
2.Предлог-одлука за донесување на Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес, дел од УЕ „6”, УБ „36” (2009-2019)-општина Велес.
3.Предлог-одлука за донесување на Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес, дел од УЕ „7”, УБ „42” (2008-2018)-општина Велес.
4.Предлог – одлука за донесување на Детален урбанистички план за локалитет „9ти Ноември“ во Велес (помеѓу ул.„Б.Ѓорев, Т.Јанев, пешачка улица и 8ма Велешка бригада“), (2007-2012) - Oпштина Велес.
5.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за Градски парк - Велес - (2008-2013) - општина Велес .
6.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за локалитет дел од УЕ „7”, дел од УБ „40”, (2009-2014) Велес - општина Велес
7.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план УЕ 3 дел од урбан блок 24 Велес – (2008-2013) Општина Велес.
8.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт урбанистички план вон населено место за Езеро Младост на локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица (2009-2014) - општина Велес.
9.Предлог-одлука за висината на надоместокот за поставување на натписи рекламни табли во заштитниот појас на општински пат, приклучување на пристапен пат на општински пат, поставување на инсталации во трупот на патот и патниот појас на општински пат и улици, изградба и користење на комерцијални објекти на кој е дозволен пристап на општински пат надвор од населено место, за прекумерно користење на општински пат и улици, за вонреден превоз и штета на општински пат и улици и објектите на патот
10.Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот на членови на комисии, одбори и други работни тела формирани од Советот и Градоначалникот на Општина Велес
11.Предлог-одлука за определување на работното време на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.
12.Предлог – програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2009 година
13.Предлог-решение за распределба на средствата за поддршка на спортот во Општина Велес за 2009 година
14.Предлог-решение за давање согласност на Правилникот за организација и систематизација на работните места на Општинската јавна установа Детска градинка „Димче Мирчев“
15.Предлог – решение за разрешување и именување на претставник од Општина Велес – член во Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес.
16.Извештај за работата на претпријатието за период од I-III месец 2009 година на ЈКП „Дервен“ Велес.
17.Информација за работата на Полициска станица Велес за периодот Јануари-Јуни 2009 година.
18.Елаборат за процена на штета од елементарна непогода која ја зафати општина Велес во период од 02.06 – 01.07.2009
19.Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.