Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 3890/1
16.09.2009 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 8-ма седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 24.09.2009 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 8-та седница на Советот на Општина Велес
1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2009 година
2. Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместок на членовите на Комисијата за процена на штета од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Велес
3. Предлог-годишен извештај за наставно-воспитната работа на Општинското основно училиште „Васил Главинов “- Велес во 2008/2009 година
4. Предлог-годишен извештај за работата на Општинското основно училиште „Блаже Конески“- Велес во 2008/2009 година
5. Предлог-годишен извештај за работата на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот “- Велес во 2008/2009 година
6. Предлог- годишен извештај за воспитно-образовната работа на Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ за учебната 2008/2009 година
7. Предлог- годишен извештај за воспитно образовната дејност на Општинското основно училиште „Благој Кирков“ – Велес за учебната 2008/2009 година
8. Предлог-годишен извештај за воспитно-образовната работа на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски - Буридан“ – Иванковци, Велес во 2008/2009 година
9. Предлог-годишен извештај за восиптно-образовната работа на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ – Долно Оризари, Велес во учебната 2008/2009 година
10. Предлог-годишен извештај за работата на Општинското основно музичко училиште „Киро Димов„ – Велес за учебната 2008/09 година
11. Предлог-програма за работа на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес за учебната 2009/2010 година.
12. Предлог-годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес за учебната 2009/2010 година.
13. Предлог-програма за работа на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за учебната 2009/2010година.
14. Предлог-програма за работа на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Велес за учебната 2009/2010 година.
15. Предлог-годишна програма за воспитно-образовната дејност на Општинското основно училиште „Благој Кирков“ Велес за учебната 2009/2010 година.
16. Предлог- годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски – Буридан “ - Иванковци, Велес за учебната 2009/2010 година.
17. Предлог-годишна програма за воспитно-образовната дејност во учебната 2009/2010 година на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари, Велес
18. Предлог-годишна програма за работа на Општинското основно музичко училиште „Киро Димов“ Велес за учебната 2009/2010 година.
19. Предлог-годишна програма за работа на Општинскиот ученички дом „Лазар Лазаревски“ Велес за учебната 2009/2010 година.
20. Предлог-решение за именување на членови на Комисијата за избор на добитник на Актерска награда за животно дело „Петре Прличко
21. Предлог решение за разрешување и именување член на Управен одбор на ЈКП „Дервен“
22. Елаборат за процена на штета од елементарна непогода што ја зафати општина Велес на 11.08.2009 година
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев