Дневен ред за 9-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 4024 /1
23.09.2009 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 9-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 30.09.2009 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 9-та седница на Советот на Општина Велес

1.Предлог-годишен извештај за воспитно-образовната работа на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“- Велес во учебната 2008/2009 година
2.Предлог-годишен извештај за воспитно-образовната работа на Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски “- Велес во учебната 2008/2009 година
3.Предлог-годишен извештај за воспитно-образовната работа на Средно стручното општинско училиште „Димитрија Чуповски “- Велес во учебната 2008/2009 година
4.Предлог-годишен извештај за работата на Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“- Велес во учебната 2008/2009 година
5.Предлог-годишен извештај за работата на Општинската јавна установа за деца-Детска градинка „Димче Мирчев“ – Велес за учебната 2008/2009 година
6.Предлог-годишна програма за воспитно-образовната работа на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“- Велес во учебната 2009/2010 година
7.Предлог-годишна програма за работа на Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски “- Велес во учебната 2009/2010 година
8.Предлог-годишна програма за работа на Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски “- Велес во учебната 2009/2010 година
9.Предлог-годишна програма за работа на Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ во учебната 2009/2010 година
10.Предлог-годишна програма за работа на Општинската јавна установа за деца-Детска градинка „Димче Мирчев“ – Велес за учебната 2009/2010 година
11.Советнички прашања

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.