Дневен ред за 11-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-4457/1
19.10.2009 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 11-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 26.10.2009 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.

  • Усвојување на записник од одржаната 8-та седница на Совет на Општина Велес
  • Усвојување на записник од одржаната 9-та седница на Совет на Општина Велес


За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-одлука за давање на времено користење простории во објект сопственост на Општина Велес
2.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2009 година
3.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2009 година
4.Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2010 година
5.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2010 година
6.Нацрт-програма за активностите на општина Велес во областа на образованието во 2010 година
7.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2010 година
8.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2010 година
9.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2010 година
10.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2010 година
11.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2010 година
12.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2010 година
13.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2010 година
14.Нацрт-програма за изградба на споменици и спомен обележја на територијата на Општина Велес за периодот од 2010-2015 година
15.Информација за одржаниот јавен оглас за вработување на определено време во Центарот за развој на Вардарскиот плански регион
16.Советнички прашања

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев