Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 4524/1
26.10.2009 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 12-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 02.11.2009 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Велес за 2009 година
2.Предлог-одлука за именување на претседател и членови на Комисијата за односи меѓу заедниците
3.Предлог-одлука за доделување на 9-то ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2009 година
4.Предлог-одлука за доделување на награда животно дело „Гемиџии“ за 2009 година
5.Предлог-одлука за доделување на награда за најстудент „Проф. Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2009 година
6.Предлог-одлука за востановување награда за празнична илуминација
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев