Дневен ред за 13-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-4748/1
06.11.2009 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 13-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 13.11.2010 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2009 година.
2.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први, втори и трети квартал 2009 година.
3.Предлог-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2010 година.
4.Предлог- програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2010 година.
5.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2010 година.
6.Предлог-програма за активностите на општина Велес во областа на oбразованието во 2010 година.
7.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2010 година.
8.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2010 година.
9.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2010 година.
10.Предлог-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2010 година.
11.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2010 година.
12.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2010 година.
13.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2010 година.
14.Предлог-програма за изградба на споменици и спомен обележја на територијата на Општина Велес за периодот од 2010-2015 година.
15.Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес- членови во Одборот за контрола на финансиско -материјалното работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес.
16.Предлог-решение за именување претставници на Општина Велес- членови во Одборот за контрола на финансиско -материјалното работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес.
17.Извештај за работата на ЈКП “Дервен“- Велес за период I–IX месец 2010 година.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.