Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број
15.01.2010 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 16-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 22.01.2010 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 12,00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 11-та седница на Советот на Општина Велес
- Усвојување на записник од одржаната 12-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Нацрт - одлука за долгорочно задолжување на Општина Велес
2.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес
3.Предлог – одлука за давање на право за оттуѓување ствари
4.Предлог - решение за разрешување член во Училишен одбор на Средно општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ Велес
5.Предлог - решение за именување член во Училишен одбор на Средно општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ Велес
6.Предлог - план за запишување на ученици во I година во средните училишта во Општина Велес во учебната 2010/2011 година
7.Извештај од делегираните надлежности од физичко лице во канцеларијата на Општина Велес во село Горно Оризари
8.Информација за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија на локално и регионално ниво
9.Годишен извештај за извршена дератизација на град Велес за 2009 година
10.Советнички прашања
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев