Дневен ред за 23-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-1881/1
23.04.2010 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 23-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 30.04.2010 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 21-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Одлука за изменување и дополнување на одлуката за долгорочно задолжување на Општина Велес
2.Одлука за изменување и дополнување на одлуката за еднократна парична помош на семејствата оштетени од одронот на карпите
3.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 30)
4.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 31)
5.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 32)
6.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 33)
7.Предлог – одлука за давање право за оттуѓување ствари (ООУ „Васил Главинов“)
8.Информација за текот на реализацијата на изборите за членови на советите на урбаните заедници во градот и месните заедници во населените места во Општина Велес
9.Советнички прашања

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.