Дневен ред на 24-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 07226 /1
12.05.2010 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 24-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 19.05.2010 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 22-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог – одлука за утврдување на Нацрт - ДУП за локалитет 9ти Ноември дел од урбана единица 06, дел од урбан блок 36 – помеѓу ул.Благој Ѓорев, ул.Тодор Јанев, пешачка улица и ул.8ма Велешка Бригада – Општина Велес
2.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 34)
3.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 35)
4.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 36)
5.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 37)
6.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 38)
7.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес (ЛУПД 39)
8.Предлог – одлука за промена на името на Музичкото училиште „Киро Димов“.
9.Предлог – одлука за пренесување на основно средство (Васил Главинов- Димче Мирчев).
10.Предлог – програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој за 2010 година.
11.Квартален извештај за први квартал за 2010 година на Општина Велес
12.Извештај за работењето на ЈКП „Дервен“ за период од I-III месец 2010 година.
13.Предлог – решение за именување на претседател и членови на Комисија за подготовка на програма за работа на Советот на Општина Велес
14.Информација за постапката за именување на Вршител на должност Директор во ССОУ „Коле Неделковски“
15.Информација за постапката за избор на Директор во ЈПССО „Парк-Спорт“
16.Информација за постапката за избор на Директор во Народниот музеј.
17.Eлаборат за проценка на штета од елементарна незгода која Општина Велес ја зафати во период од 18 до 23 април 2010 година.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.