Дневен ред за 32-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 5446/3
08.11.2010 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 32-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 15.11.2010 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 12,00 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес за 2010 година.
2.Предлог-одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ 5, дел од УБ 34 (плански опфат помеѓу ул.„В.Назор, ул.„248“ и ул.„Крушевска“, (1.19ha), (2009-2014) во Велес – Општина Велес.
3.Предлог-одлука за збратимување на Општина Велес со Општина Адалар (Принцови острови), Република Турција.
4.Предлог-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2011 година.
5.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија во 2011 година.
6.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2011 година.
7.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2011 година.
8.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2011 година.
9.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2011 година.
10.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2011 година.
11.Предлог-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2011 година.
12.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2011 година.
13.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2011 година.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.