Дневен ред за 34-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07- 6308/1
17.12.2010 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 34-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 24.12.2010 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во  10:00 часот.
За седницата го предлагам следниот     
                                                           

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-Буџет на Општина Велес за 2011 година.
2.Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2011 година.
3.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на користење на недвижна ствар-Парк Спорт.
4.Предлог-програма за работа на Советот на Општина Велес во 2011 година.
5.Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило за 2011 година.
6.Предлог-план за работа на ЈКП „Дервен“ за 2011 година.
7.Извештај за реализација на Интернационалниот фестивал на Античка драма „Стоби“ 2010.година.
8.Извештај за реализација на Културната манифестација VII – ми Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2010 година.
9.Извештај за реализација на Културната манифестација „47-ми Рацинови средби“ 2010 година.
10.Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес  за членови на Управниот одбор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.
11.Предлог-решение за именување претставници на Општина Велес  за членови на Управниот одбор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.
12.Предлог-решение за именување претставници на Општина Велес за членови во УО на ООУ „Блаже Конески“Велес.
13.Педлог-решение за именување претставници на Општина Велес за членови во УО на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.
14.Информација за безбедносната состојба  на железничките патни премини на подрачјето на Општина Велес.
15.Елаборат за настанати штети од полавите што ја зафатија Општина Велес на 05 декември 2010 година.

Со почит,      

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.