Дневен ред за 35-та сеница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 190/1
17.01.2011 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 35-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 24.01.2011 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 12,00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 33-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-одлука за донесување на Детален Урбанистички План за дел од УЕ 4, дел од УБ 29 -Велес, површина на опфат(1.40ха), плански период (209-2014)-Општина Велес.
2.Предлог-одлука за збратимување со Општина Кaршијака - Измир, Република Турција.
3.Предлог-програма за работа на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти„Парк Спорт“Велес за 2011 година.
4.Извештај за работата на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти„Парк Спорт“Велес за периодот од 01.01.2010 год. до 30.09.2010 година.
5.Годишен извештај за примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (за период од 01.01.2010 до 31.12 .2010 година).
6.Предлог-решение за давање согласност за користење на простор за работа на Републичката единица за заштита и спасување од пожари за време на мобилизација.
7.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цени за вршење на хортикултурни услуги на ЈКП „Дервен“.
8.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за утврдување висина на цени за закуп на деловните простории на ЈКП „Дервен“.
9.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за утврдување висина на цените за извршените услуги према правни и физички лица на ЈКП „Дервен“.
10.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за наплата на пазарната такса од корисниците на пазарните услуги на пазарите на мало во Велес на ЈКП „Дервен“.
11.Советнички прашања.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев, с.р.