Дневен ред за 43-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-3988 /1
01.07.2011 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 43-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 08.07.2011 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 42-ва седница на Советот на Општина Велес.
- Усвојување на записник од II –та вонредна седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-решение за давање согласност на Одлука за отуѓување на ствари по пат на продажба на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци.
2.Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
3.Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.