Дневен ред на 23-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- ____/1
____.04.2006 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05), донесувам


Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 23-та седница на Советот
на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 26.04.2006 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 10.оо часот.

-Усвојување на записникот од 22-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 23-та седница на Советот на Општина Велес

1. Декларација за прогласување на Општина Велес за прва слободна зона од Генетски Модифицирани Организми (ГМО).
2. Предлог одлука за востановување на свечена песна-химна на Општина Велес.
3. Предлог -одлука за утврдување на заштитен знак на Општина Велес.
4. Предлог -одлука за утврдување на маскота на Општина Велес.
5. Предлог-oдлука за измена и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската админстрација на Општина Велес.
6. Предлог-одлука за измена и дополнување на Програматa за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2006 година.
7. Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2006 година.
8. Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2006 година.
9. Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт, млади и поддршка на НВО секторот во 2006 година.
10. Квартален извештај за месец Јануари-Март 2006 година.
11. Предлог-решение за разрешување на член на Училишниот одбор во државното ПОУ „Маца Овчарова“-Велес.
12. Предлог-решение за именување на членови на Комисија за избор на добитник на Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с,р.