Република Македонија
Совет на Општина
Велес
Број 0701-1844/1
18.05.2006 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа
(„Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на
Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05),
донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 24-та седница на Советот
на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 24.05.2006 година (среда) во просториите на Општина Велес – нова сала со почеток во 19.оо часот.
-Усвојување на записник од 23-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 24-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за утврдување на цените за полнење и сервисирање на ПП-апарати.
2.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање на
Комисија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот.
3.Предлог-решение за дополнување на Решението за именување на
претседател и членови на Комисија за утврдување на пазарна вредност на
недвижниот имот.
4.Предлог-решение за разрешување и именување на член на Организациониот
одбор на културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал
“Велес“.
5.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с,р.