Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-5134/1
12.09.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 45-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 19.09.2011 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 44-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог-одлука за донесување Детален урбанистички план за Велес локалитет – дел од урбана единица 09, дел од урбан блок 47 (помеѓу дел од ул.„Ордан Џинот“, дел од ул.„Стеван Богоев“ и КП 9804) Општина Велес.
2. Предлог-одлука за донесување Детален урбанистички план за дел од Велес локалитет – дел од урбана единица 7, дел од урбан блок 43 (помеѓу дел од ул.„Благој Ѓорев“, дел од крак на ул.„Првомајска“ и дел од
ул.„Белградска“) Општина Велес.
3. Предлог-одлука за давање на времено користење на дел од имот сопственост на Општина Велес - објект во м.в.„Димитар Влахов“ бб Велес.
4. Предлог-одлука за усвојување на Стратегија за информатички и комуникациски технологии на Општина Велес.
5. Извештај за работата со финансиски резултати на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес за периодот 01.01.2011 година до 30.06.2011 година.
6. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес за учебната 2011/2012 година.
7. Предлог-Годишна програма за наставно-воспитната работа на ООУ „Васил Главинов“ Велес за учебната 2011/2012 година.
8. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Блаже Конески“ Велес за учебната 2011/2012 година.
9. Предлог-Годишна програма за воспитно-образовната дејност на ООУ „Благој Кирков“ Велес за учебната 2011/2012 година.
10. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Јордан Хаџи - Константинов Џинот“ Велес за учебната 2011/2012 година.
11. Предлог-Годишна програма за воспитно-образовната работа на ООУ „Рајко Жинзифов“ с. Долно Оризари за учебната 2011/2012 година.
12. Предлог-Годишна програма за работа на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с.Иванковци за учебната 2011/2012 година.
13. Предлог-Годишна програма за работа на ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес за учебната 2011/2012 година.
14. Предлог-Годишна програма за воспитно-образовната работа на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес за учебната 2011/2012 година.
15. Предлог-Годишна програма за работа на ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес за учебната 2011/2012 година.
16. Предлог-Годишна програма за работа на ССОУ „Коле Неделковски“ Велес за учебната 2011/2012 година.
17. Предлог-Годишна програма за воспитно –образовната работа на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес за учебната 2011/2012 година.
18. Предлог-Годишина програма за работа на Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ – Велес за учебната 2011/2012 година.
19. Информација за работата на полициската станица Велес за периодот Јануари – Јуни 2011 година.
20. Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.