Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-5337/1
22.09.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 46-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 29.09.2011 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води – „Продолжување на постоечки канал за атмосферски води од спој со ул.Вардарска до вливот во река Вардар “.
2.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води за „Водоснабдување на локалитет Езеро Младост - Општина Велес“.
3.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање намена на објекти-спомен куќите на Јордан Хаџи Константинов Џинот и Касапови,сопственост на Општина Велес.
4.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2011 година.
5.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2011 година.
6.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2011 година.
7.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2011 година.
8.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2011 година.
9.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2011 година.
10.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2011 година.
11.Годишен извештај за работа на Општинската јавна установа за деца –Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 2010/11 година.
12.Предлог-програма за работа на Општинската јавна установа за деца –Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 2011/12 година.
13.Годишен извештај за воспитно -образовната работа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес за учебната 2010/2011 година.
14.Годишен извештај за работа на ООУ „Васил Главинов“ Велес за учебната 2010/2011 година.
15.Годишен извештај за работа на ООУ „Блаже Конески“ Велес за учебната 2010/2011 година.
16.Годишен извештај за работа на ООУ „Благој Кирков“ Велес за учебната 2010/2011 година.
17.Годишен извештај за работа на ООУ „Јордан Хаџи - Константинов Џинот“ Велес за учебната 2010/2011 година.
18.Годишен извештај за работата на ООУ „Рајко Жинзифов“ с. Долно Оризари за учебната 2010/2011 година.
19.Годишен извештај за работа на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с.Иванковци за учебната 2010/2011 година.
20.Годишен извештај за работа на ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес за учебната 2010/2011 година.
21.Годишен извештај за воспитно-образовната работа на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес за учебната 2010/2011 година.
22.Годишен извештај за воспитно –образовната работа на ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес за учебната 2010/2011 година.
23.Годишен извештај за работа на ССОУ „Коле Неделковски“ Велес за учебната 2010/2011 година.
24.Годишен извештај за работа на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес за учебната 2010/2011 година.
25.Годишен извештај за работа на ОУД „Лазар Лазаревски“ – Велес за учебната 2010/2011 година.
26.Предлог –решение за разрешување на членови на Училишен одбор на ООУ „Благој Кирков“.
27.Предлог –решение за именување на членови на Училишен одбор на ООУ „Благој Кирков
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.