Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-5823/1
21.10.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 47-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 31.10.2011 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 45-та седница на Советот на Општина Велес.
- Усвојување на записник од одржаната 46-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог –одлука за промена на имиња на улици и плоштади во град Велес.
2. Предлог-одлука за усвојување на Локален акциски план за лица со инвалдност на Општина Велес за периодот 2011-2015 година.
3. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012 година.
4. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија во 2012 година.
5. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2012 година.
6. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2012 година.
7. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2012 година.
8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2012 година.
9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2012 година.
10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2012 година.
11. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2012 година.
12. Предлог-решение за формирање на Комисија за доделување на Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“.
13. Предлог-решение за разрешување на претставник од Општина Велес за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес.
14. Предлог-решение за именување на претставник од Општина Велес за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес .
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.