Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-6063/2
07.11.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 49-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 14.11.2011 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 47-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог-измени и дополнување на Буџетот на Општина Велес за 2011година.
2. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2011 година до 30.09.2011година.
3. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012 година.
4. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија во 2012 година.
5. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2012 година.
6. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2012 година.
7. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2012 година.
8. Предлог-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот секторот во 2012 година.
9. предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2012 година.
10. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2012 година.
11. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2012 година.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.