Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07 - 6492/1
01.12.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 51-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 09.12.2011 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Нацрт-Буџет на Општина Велес за 2012 година.
2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2011година.
3. Пролог-програма за дополнување во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2012 година.
4. Предлог-програма за дополнување во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2012 година.
5. Предлог – програма за дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2012 година.
6. Предлог-програма за дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2012 година.
7. Предлог - програма за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2011/2012 година.
8. Извештај за работа на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ Велес за период I - IХ месец 2011година.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
М-р Славчо Чадиев с.р.