Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-6912/1
21.12.2011 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 53-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 28.12.2011 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 50-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-Буџет на Општина Велес за 2012 година.
2.Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2012 година.
3.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за дел од Велес -изменување и дополнување- за локалитет-дел од урбана единица 5, дел одурбан блок 34-(дел од старо градско јадро) помеѓу ул.”Крали Марко” и ул.”Крушевска” Општина Велес.
4.Предлог-одлука за издавање под закуп на недвижен имот – објект Градски базен.
5.Предлог –одлука за давање на времено користење на дел од имот сопственост на Општина Велес од објект во м.в.„Димитар Влахов“ Велес.
6.Предлог-одлука за престанување на важење на Одлуката за уредување и одржување на јавните санитарни јазли.
7.Предлог-програма за работа на Советот на Општина Велес за 2012 година.
8.Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во 2012 година.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
М-р Славчо Чадиев с.р.