Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-592/1
30.01.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 55-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 06.02.2012 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 54-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2011година до 31.12.2011година.
2.Предлог-одлука за одземење на корисничко право на ОО на Сојуз на борци од НОВ како корисник на невижен имот.
3.Предлог-одлука за утврдување на стипендии за стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Велес за учебната 2012/2013година.
4.Предлог-одлука за престанок со работа на Установа „РАЦИНОВИ СРЕДБИ“ Велес и промена на назив на Установата.
5.Предлог-одлука за разрешување на директор на Установа „РАЦИНОВИ СРЕДБИ“ Велес и именување на ликвидатор.
6.Предлог-одлука за престанок со работа на Установа интернационален фолклорен фестивал„ВЕЛЕС“ Велес и промена на назив на Установата.
7.Предлог-одлука за разрешување на директор на Установа интернационален фолклорен фестивал „ВЕЛЕС“ Велес и именување на ликвидатор.
8.Предлог-одлука за престанок со работа на Установа фестивал на античка драма „СТОБИ“ Велес и промена на назив на Установата.
9.Предлог-одлука за разрешување на директор на Установа фестивал на античка драма „СТОБИ“ Велес и именување на ликвидатор.
10.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Реконструкција на дел од водоводна линија на улица Васил Главинов“.
11.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Реконструкција на дел од водоводна линија на улица Гемиџиска“.
12.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Реконструкција на дел од водоводна линија на улица Првомајска“.
13.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Реконструкција на дел од водоводна линија на улица Киро Кучук“.
14.Иницијатива за поведување постапка за престанување со работа на општинските основни училишта „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ и „Благој Кирков“ од Велес и основање на Општинско основно училиште „Панко Брашанар“ Велес.
Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.