Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-1150/1
22.02.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 56-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 29.02.2012 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 12:00 часот.
-Усвојување на записник од одржаната 55-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2012 година.
2.Предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Велес.
3.Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на Општина Велес.
4.Предлог-одлука за намена на објект во м.в Шефки Сали.
5.Предлог-одлука за формирање на Општински совет за превенција од малолетничко претстапништво на Општина Велес.
6.Предлог-одлука за воведување на ноќно собирање на комунален и комерцијален отпад на територијата на Општина Велес.
7.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012година.
8.Предлог-програма за изменување и диополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа здравството и социјалната заштита во 2012 година.
9.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2012година.
10.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата во областа на меѓународната соработка во 2012година.
11.Годишен план за работа на ЈКП „Дервен“ Велес во 2012 година.
12.Елаборат за проценка на штета од елементарна непогода-одрон на карпа од невреме во Општина Велес на 06 јануари 2012 година.
13.Предлог-решение за формирање Комисија за изготвување Анализа за оправданоста на Иницијативата за поведување постапка за престанување со работа на општинските основни училишта.
14.Информација за работата на Полициска станица Велес за 2011година.
15.Предлог-решение за доделување средства од Буџетот на Општина Велес.
16.Предлог-решение за формирање Координативно тело за имплементација на Локалниот акциски план за лица со инвалидност на Општина Велес за периодот 2011-2015.
17.Предлог-решение за формирање Координативно тело за имплементација на Локалната младинска стратегија на Општина Велес за периодот 2012-2016.
18.Предлог –решение за разрешување на членови на Училишен одбор на ООМУ„Стефан Гајдов“Велес.
19.Предлог –решение за именување на членови на Училишен одбор на ООМУ„Стефан Гајдов“Велес.
20.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.