Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-1459/1
08.03.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 57-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 15.03.2012 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Годишен извештај за работењето на Општина Велес за 2011 година.
2.Завршна сметка на Буџетот на Општина Велес за 2011 година.
3.Предлог-одлука за давање на времено користење на простории без надоместок на Регионалната стопанска комора Велес.
4.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Реконструкција на дел од водоводна линија на улица „Орце Шутев“ и улица „Јовче Чучук““.
5.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Реконструкција на дел од водоводна линија на улица „Мицко Козар“.
6.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Водоводна линија на улица „Благој Ѓорев“ за гравитационо водоснабдување на висококатниците“.
7.Годишен извештај на Програмата за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Велес за 2011 година од ЈКП „Дервен“ Велес.
8.Извештај за работењето и резултатите по завршната сметка во 2011 година на ЈКП „Дервен“Велес.
9.Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2011 година.
10.Годишен извештај за работа на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2011 година.
11.Годишен извештај за работата со финансиски резултати за периодот од 01.01.2011 година до 31.12.2011 година на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес.
12.Предлог-програма за работа и финансиски план на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес за 2012 година.
13.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
14.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
15.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
16.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
17.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
18.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Благој Кирков “ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
19.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
20.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
21.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
22.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“-Горно Оризари Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
23.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски - Буридан“-Иванковци Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
24.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
25.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
26.Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2011 година.
27.Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2011 година.
28.Извештај од Комисијата за спроведување на постапка за јавно наддавање на недвижна ствар –објект„Сателитска станица“.
29.Предлог-решение за доделување средства од Буџетот на Општина Велес.
30.Предлог-решение за разрешување претставник на Општина Велес за член на Училишен одбор во Општинското средно стручно училиште „Јовче Тесличков“ Велес.
31.Предлог-решение за именување претставник на Општина Велес за член на Училишен одбор во Општинското средно стручно училиште „Јовче Тесличков“ Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.