Дневен ред за 58-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-1674/1
20.03.2012 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 58-ма седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 27.03.2012 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот.

-Усвојување на записник од одржаната 57-ма седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Годишен извештај за реализација на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Велес за 2011година.
2. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2011 година.
3. Годишен извештај за работа на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2011 година.
4. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2011 година.
5. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2011 година.
6. Предлог-решение за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност- Велес.
7. Предлог-решение за давање согласност на Правилникот за организација и систематизација на работата на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес.
8. Предлог-решение за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт во Општина Велес за 2012 година.
9. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за утврдување цени за користење на пинг-понг маси донесена од УО на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес.
10. Предлог –решение за разрешување и именување на членови на Одборот за спас на Велес од Топилницата.
11. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за расходување на основни средства и ситен инвентар на ООУ „Благој Кирков“-Велес.
12. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за расходување на стари прозори на ССОУ „Димитрија Чуповски“-Велес.
13. Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари-Велес, претставник на Општина Велес.
14. Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари-Велес, претставник на Општина Велес.
15. Информација за спроведувањето на постапката за избор на наставници по распишаниот оглас за ПУ во с.Бузалково, Велес.
16. Информација за спроведувањето на постапката за избор на наставници по распишаниот оглас за ООУ „Благој Кирков“, Велес.
17. Советнички прашања.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.