Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-1977/1
05.04.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 59-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 12.04.2012 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 58-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-одлука за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ на здружение на граѓани.
2.Предлог-одлука за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација Сликарско - копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“ на здружение на граѓани.
3.Предлог-одлука за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“ на здружение на граѓани.
4.Предлог-одлука за изменување на Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општина Велес.
5.Предлог –одлука за откажување од корисничко право на Општина Велес како корисник на недвижен имот .
6.Предлог-решение за одобрување средства за организирање на Првиот Велешки велигденски фестивал 2012година.
7.Предлог-решение за разрешување членови на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
8.Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
9.Предлог-решение за разрешување членови на Одборот за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес.
10.Предлог-решение за именување членови на Одборот за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес.
11.Информација за средствата и начинот на трошење на истите кои се прибираат од користењето на спортските сали при општинските училишта.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.