Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-3009/1
22.05.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 60-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 29.05.2012 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
-Усвојување на записник од одржаната 59-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2012 година до 31.03.2012 година.
2. Предлог - одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за дел од УЕVII, дел од УБ 39 за КП 16914, 16915, 16916 и дел од 16922 КО Велес, Општина Велес.
3. Предлог-одлука за утврдување на потребата за изменување и дополнување на ДУП Мало стопанство – Велес дел од Комплекс УЗУС.
4. Предлог-одлука за определување на критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште на територијата на Општина Велес.
5. Предлог-одлука за определување на зони и подзони на територијата на Општина Велес за примена на Mетодологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот.
6. Предлог-одлука за определување опфат на постојните улици и определување имиња на улици во Општина Велес.
7. Предлог-одлука за определување на имиња на улици во с.Башино Село.
8. Предлог-одлука за аплицирање на Општина Велес со проектот „ ATTENTION “ во „ИПА – Програмата за прекугранична соработка Грција - Македонија 2007-2013"
9. Предлог-одлука за аплицирање на Општина Велес со проектот „ DELICIOUS“ во „ИПА – Програмата за прекугранична соработка Грција - Македонија 2007-2013"
10. Предлог-одлука за аплицирање на Општина Велес со проектот „ENERSTRA“ во „ИПА – Програмата за прекугранична соработка Грција - Македонија 2007-2013"
11. Предлог-одлука за аплицирање на Општина Велес со проектот „ EUCONET“ во „ИПА – Програмата за прекугранична соработка Грција - Македонија 2007-2013"
12. Предлог-одлука за аплицирање на Општина Велес со проектот „ KNOW HOW“ во „ИПА – Програмата за прекугранична соработка Грција - Македонија 2007-2013"
13. Предлог-одлука за аплицирање на Општина Велес со проектот „ TAKE THE KNOWLEDGE“ во „ИПА – Програмата за прекугранична соработка Грција - Македонија 2007-2013"
14. Предлог-одлука за аплицирање на Општина Велес со проектот „CULTURE CONNECTED“ во „ИПА – Програмата за прекугранична соработка Грција - Македонија 2007-2013"
15. Предлог-план за воспоставување систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
16. Предлог-правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ на здружение на граѓани.
17. Предлог-правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“ на здружение на граѓани.
18. Предлог-правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ на здружение на граѓани.
19. Елаборат за процена на штета од елементарна непогода-лизгање на земјиште (свлечиште) во м.в. „Рамина“,Општина Велес.
20. Предлог-решение за именување членови на Општинскиот совет за превенција од малолетничко претстапништво на Општина Велес.
21. Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.