Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-3426/1
15.06.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 61-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 22.06.2012 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
-Усвојување на записник од одржаната 60-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Советнички прашања
2.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Основен проект за фекална канализација – с.Клуковец“ Општина Велес.
3.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Основен проект за канализациона мрежа во с.Сливник“ Општина Велес.
4.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Водоснабдување на с.Џидимирце“ Општина Велес.
5.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Водоснабдување на дел од викенд населба Венуле“ Општина Велес.
6.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура „Водоснабдување на с.'Рлевци“ Општина Велес.
7.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за инфраструктура„Основен проект за фекална канализација за продолжување на колектор од населено место Сујаклари, преку с.Кумарино до с.Мамутчево“ Општина Велес.
8.Предлог-одлука за усвојување на Стратегија „Грижа на стари лица –трета животна доба“.
9.Предлог-одлука за откажување од корисничко право на Општина Велес како корисник на недвижен имот.
10.Извештај за работата со финансиски резултати на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес, за периодот од 01.01.2012 година до 31.03.2012 година.
11.Предлог-решение за прифаќање на Иницијатива за именување и дополнување на Детален урбанистички план за Централно градско подрачје-Велес.
12.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за расходување на средства и материјали на ОЈУ за деца -Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.
13.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за расходување на Е- отпад на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Велес.
14.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за расходување на Е- отпад на ООУ „Рајко Жинзифов“ Д.Оризари, Велес.
15.Предлог-решение за давање согласност за издавање на реверс ствари на ООУ „Рајко Жинзифов“ Д.Оризари, Велес.
16.Предлог-решение за давање на Мислење за спроведување на Стратегиска оцена врз животната средина.
17.Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ „Стојан Бурчевски -Буридан“ с.Иванковци, Велес, претставник на Општина Велес.
18.Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с.Иванковци, Велес, претставник на Општина Велес.
19.Информација од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес за појава на зголемен број на лица повредени со касање од кучиња.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.