Дневен ред за 68-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-6138/1
08.11.2012 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 68-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 15.11.2012 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес за 2012 година.
2. Предлог –програма за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2012/2013 година.
3. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2013 година.
4. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2013 година.
5. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2013 година.
6. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2013 година.
7. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на социјална и здравствена заштита во 2013 година.
8. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2013 година.
9. Предлог -програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2013 година.
10. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2013 година.
11. Предлог -програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2013 година.
12. Предлог-решение за разрешување членови на Организациониот одбор на ИФФ Велес“.
13. Предлог-решение за именување членови на Организациониот одбор на ИФФ Велес“.
14. Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари, претставник на Општина Велес.
15. Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на ООУ ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари, претставник на Општина Велес.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.