Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-6602/1
29.11.2012 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 69-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 07.12.2012 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 09:00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 67-та седница на Советот на Општина Велес.
- Усвојување на записник од одржаната 68-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2012година до 30.09.2012година.
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УЕ11 УБ56 помеѓу улици „Луј Пастер“ и „Камка Тоцинова“ КО Велес, плански период (2012-2017) Општина Велес.
3.Предлог-одлука за учество на Општина Велес при аплицирање на проект „Преку енергетска ефикасност до намалена емисија на СО2 – намалени климатски промени“ во ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес.
4.Предлог-одлука за постапување со комуналниот, комерцијалниот и другите видови неопасен отпад на територијата на Општина Велес.
5.Предлог-одлука за избор на талентирани ученици и студенти кои добиваат стипендија за учебната 2012/2013 година (Извештај од работата на Комисијата).
6.Предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Велес за 2013година.
7.Предлог-програма за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2013 година.
8.Предлог-програма за одбележување на годишнини на значајни настани и личности за 2013 година.
9.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2013 година.
10.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2013 година.
11.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2013 година.
12.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјална и здравствена заштита во 2013 година.
13.Нацрт-Буџет на Општина Велес за 2013година.
14.Нацрт-програма за работа на Советот на Општина Велес за 2013година.
15.Извештај за реализација на интернационалниот фестивал на Античка драма „Стоби“ 2012 година од ЗГ „Фестивал на Античка драма - Стоби“ Велес по делегирана наделжност.
16.Извештај за реазлизација на манифестацијата Вардарска регата Гемиџии-2012 од Здружението Вардарска РЕГАТА ГЕМИЏИИ Велес.
17.Предлог-решение за прифаќање на Иницијатива за Изменување и дополнување на детален урбанистички план за УЕ9, дел од УБ47 помеѓу ул.„Стеван Богоев“, ул.„Ордан Џинот“ КП9804 КО Велес Општина Велес.
18.Предлог-решение за прифаќање на Иницијатива за Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Велес за локалитет - станбена единица М.З. “Алексо Демниевски” (дел) дел од УЕ 7, дел од УБ 43, КО Велес, Општина Велес.
19.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.