Дневен ред на 70-та седница на Советот на Општина Велес

 

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07-7104/1
17.12.2012 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 70-та седница на Советот
на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 24.12.2012 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот.

Усвојување на записник од одржаната 69-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н  Р Е Д


1. Предлог-решение за престанок на мандат пред истекот, на член на Советот на Општина Велес.
2. Предлог-Буџет на Општина Велес за 2013година.
3. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2013година.
4. Предлог-одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за гранд, согласно Договорот за финансирање Serapis број 2008-0446 помеѓу Република Македонија и Европската инвестициона банка за проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“.
5. Предлог-одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од Буџетската сметка на Општина Велес.
6. Предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес.
7. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Велес за 2013 година.
8. Предлог-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес за 2013 година.
9. Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Велес за 2013 год.
10. Извештај за работа на ЈКП „Дервен“ Велес за период од I –IX месец 2012година.
11. Предлог-план за работа на ЈКП „Дервен“ Велес за 2013година.
12. Предлог-решение за давање согласност  на Одлука за расходување на Е-отпад на ССО „Димитрија Чуповски“Велес
13. Предлог- решение за разрешување претставници на Општина Велес - членови во Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес.
14. Предлог- решение за именување претставници на Општина Велес - членови во Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес.
15. Предлог-решение за разрешување претставници на Општина Велес - членови во Надзорен одбор за контрола на материјално- финансиското работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес.
16. Предлог-решение за именување претставници на Општина Велес - членови во Надзорен одбор за контрола на материјално- финансиското работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“ Велес.
17. Советнички прашања.
 

Со почит,                    

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.