Дневен ред на 30-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 3339/1
26.09.2006 година
В е л е с

Врз основа на член 39, став 3 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 30-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 03.10.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10.оо часот.
- Избор на претседател за 30 -та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 30-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог - решение за престанок на мандатот на претседател и член на Совет на Општина Велес.
2.Предлог - решение за престанок на мандатот на член на Совет на Општина Велес.
3.Предлог - одлука за верификација на мандатите на нови членови на Совет на Општина Велес.
4. Предлог – решение за разрешување и имњнување на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именување.
5.Предлог - решение за избор на претседател и членови на Кандидациона комисија за предлагање на кандидат за претседател на Советот на Општина Велес.
6.Предлог - решение за избор на претседател на Совет на Општина Велес.

Предлагачи
Група членови на Советот на Општина Велес

 

На број:0802- 3339/2
Велес,
26 септември
2006

До
Претседателот за 30-та седница на Советот на Општина Велес


ПРЕДМЕТ: Доставување на предлог за Дневен ред за 30 седница на Советот на Општина Велес

Врз основа на член 51, став 2 од Деловникот на Советот на Општина Велес ("Службен гласник на Општина Велес" бр.2/97), како овластен предлагач предлагам во дневниот ред на 30 седница на Советот на Општина Велес да бидат поставени следниве точки:


1.Предлог - одлука за поддршка на проектот „Изградба на инфраструктура во индустриска зона Речани 2 “.
2.Предлог - одлуката за определување на намената на објект на улица „Алексо Демниевски“.
3.Предлог - одлука за измена во даночната евиденција за обврзници на комуналната такса кои не се пререгистрирани.
4.Предлог – програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2006 година.
5.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2006 година.
6.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образование во 2006 година.
7.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт,млади и поддршка на НВО секторот во 2006 година.
8.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) во 2006 година.
9.Информација за подготвеноста на општинските основни и средни училишта за почетокот на учебната 2006/2007 година.

Со почит,

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес,
Аце Коцевски с,р.