Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-333/1
18.01.2013 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 71-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 25.01.2012 година (петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
Усвојување на записник од одржаната 70-та седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог-одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Велес Извештај од Верификационата Комисија-(читање на заклетва)
2. Предлог –одлука за утврдување Нацрт-детален урбанистички план за една градежна парцела за постоечка бензинска пумпна станица 035 Велес, Општина Велес.
3. Предлог –одлука за утврдување Нацрт-детален урбанистички план за една градежна парцела за постоечка бензинска пумпна станица 034 Велес, Општина Велес.
4. Предлог –одлука за утврдување Нацрт-детален урбанистички план за една градежна парцела за постоечка бензинска пумпна станица 072 Велес, Општина Велес.
5. Предлог –одлука за утврдување Нацрт-урбанистички план вон населено место за постоечка бензинска пумпна станица 132 Ашауа, Општина Велес.
6. Предлог-одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема.
7. Предлог-одлука за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на општина Велес.
8. Предлог –одлука за откажување од корисничко право на Општина Велес како корисник на недвижен имот.
9. Предлог-план за запишување на ученици во I-ва година во средните училишта во Општина Велес во учебната 2013/2014 година.
10. Предлог-програма за подигнување и реконструкција на нови зелени површини за 2013 година.
11. Годишен извештај за примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(за период од 01.01.2012 до 31.12.2012 година).
12. Извештај за работата со финансиски резултати за период од 01.01.2012 до 30.09.2012 година на ЈПССО „Парк Спорт“.
13. Извештај за реализација на осмата сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ 2012.
14. Иницијатива за измена на режимот на сообраќај.
15. Информација за работата на полициската станица Велес за 2012 година.
16. Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за распишување на оглас за издавање под закуп на дел од Градски пазар 2 во времетраење од 15 години на ЈКП „Дервен“Велес.
17. Предлог-решение за давање согласност за расходување на Е-отпад на ООУ „Рајко Жинзифов“ Д.Оризари-Велес.
18. Предлог-решение за давање согласност за расходување на ствари на ООУ „Рајко Жинзифов“ Д.Оризари-Велес.
19. Предлог-решение за разрешување на претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“.
20. Предлог-решение за именување на претседател и членови на Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“.
21. Предлог-решение за разрешување член на Комисија за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
22. Предлог-решение за именување член на Комисија за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
23. Предлог-решение за разрешување член на Комисија за спорт и млади.
24. Предлог-решение за именување член на Комисија за спорт и млади.
25. Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари, Велес, претставник на Општина Велес.
26. Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари, Велес, претставник на Општина Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев с.р.