Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 3536/1
10.10.2006 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 31-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 17.10.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11.оо часот.
Усвојување на записник од 30 -та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 31-та седница на Советот на Општина Велес
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Велес за 2006 година.
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за издавање под закуп на недвижен имот-објект Спортска сала „Партизан“.
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2006 година.
- Предлог-листа на информации од јавен карактер во Општина Велес.
- Извештај за работата на ЈПССО „Парк-спорт" Велес за периодот од 01.012006 до 30.06.2006 година.
- Извештај за реализираните активности во општинската лига во мал фудбал за возрасни и пионери во натпреварувачката 2006/2007 година.
- Информација за состојбата при стопанисување со комуналната депонија од страна на “Поне ДОО“ –Скопје и мерките кои ги превзема Општина Велес.
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за општествени дејности.
- Предлог-решение за измена и дополнување на Решението за распределба на средства за поддршка на спортот во Општина Велес.
- Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.