Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 2954/1
02.05.2013 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 3-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 10 мај 2013 година (петок) со почеток во 11,оо часот.
Усвојување на записник од одржаната 1-ва конститутивна седница на Советот на Општина Велес.
Усвојување на записник од одржаната 2-ра седница на Советот на Општина Велес.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2013 година до 31.03.2013 година.
2.Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2013 година.
3.Предлог-решение за разрешување претседател на Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“.
4.Предлог-решение за именување претседател на Организациониот одбор на Културната манифестација „Рацинови средби“.
5.Предлог-решение за давање Мислење за програмата за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Блаже Конески“,Велес.
6.Предлог-решение за давање Мислење за програмата за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“, Велес.
7.Предлог-решение за давање Мислење за програмата за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари,Велес.
8.Предлог-решение за разрешување член на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
9.Предлог-решение за именување член на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
10.Предлог-решение за разрешување претставник на Општина Велес за член на Училишниот одбор на Општинското основно учлилиште „Васил Главинов“ Велес.
11.Предлог-решение за именување претставник на Општина Велес за член на Училишниот одбор на Општинското основно учлилиште „Васил Главинов“ Велес.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес,
Александар Колев с.р.