Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-3852/1
04. 06.2013 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 4-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 11.06.2013 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
Усвојување на записник од одржаната 3-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-Буџетски календар на Општина Велес за 2014 година.
2.Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Деталниот урбанистички план за „Индустриска зона - Блок Сокомак” Општина Велес.
3.Предлог –одлука за утврдување на потребата за изменување и допoлнување на Детален урбанистички план мало стопанство –Велес, дел од комплекс УЗУЗ, Општина Велес.
4.Предлог-одлука за определување на дефицитарните занимања и занаети во изумирање.
5.Предлог-одлука за утврдување начин на времено користење административни и деловни простории од објект во м.в. „Димитар Влахов“ сопственост на Општина Велес.
6.Предлог-одлука за откажување на корисничко право на Општина Велес, како корисник на недвижен имот (КП 10424/1).
7.Предлог-одлука за откажување на корисничко право на Општина Велес, како корисник на недвижен имот (КП 2898/2).
8.Извештај за работата со финансиски резултати на ЈПССО „Парк -Спорт“ Велес за периодот од 01.01.2013 година до 31.03.2013 година.
9.Предлог-решение за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт во Општина Велес за 2013 година.
10.Предлог-решение за давање согласност за Одлука за распишување на оглас за издавање под закуп на дел од Градскиот пазар 2 во времетраење од 15 години, на ЈКП „Дервен“ Велес.
11.Предлог-решение за разрешување претседател и членови на Комисијата за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Велес.
12.Предлог-решение за именување претседател и членови на Комисијата за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Велес
13.Предлог-решение за разрешување членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
14.Предлог-решение за именување членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
15.Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес, претставник на Општина Велес.
16.Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес, претставник на Општина Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Александар Колев с.р.