4-та седница на Советот на Општина Велес се одржa на ден 11.06.2013 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот. Се дискутираше и гласаше за точките од усвоениот дневен ред. Присутни беа сите 23 членови на Советот на Општина Велес и поголемиот број на точки беа едногласно усвоени.
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог-Буџетски календар на Општина Велес за 2014 година.
2. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Деталниот урбанистички план за „Индустриска зона - Блок Сокомак” Општина Велес.
3. Предлог-одлука за утврдување на потребата за изменување и допoлнување на Детален урбанистички план мало стопанство –Велес, дел од комплекс УЗУЗ, Општина Велес.
4. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на “Основен проект за улици во село Иванковци.
5. Предлог-одлука за за давање согласност за намена на инвестиција и за апликација на проект.
6. Предлог-одлуак за утврдување на приоритет на „ Основен проект за дел од фекална канализација со анаеробна пречистителна станица за населено место Раштани.
7. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за апликација на проект.
8. Предлог-одлука за определување на дефицитарните занимања и занаети во изумирање.
9. Предлог-одлука за утврдување начин на времено користење административни и деловни простории од објект во м.в. „Димитар Влахов“ сопственост на Општина Велес.
10. Извештај за работата со финансиски резултати на ЈПССО „Парк -Спорт“ Велес за периодот од 01.01.2013 година до 31.03.2013 година.
11. Предлог-решение за распределба на финансиски средства за поддршка на квалитетен спорт во Општина Велес за 2013 година.
12. Предлог-решение за разрешување претседател и членови на Комисијата за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Велес.
13. Предлог-решение за именување претседател и членови на Комисијата за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Велес
14. Предлог-решение за разрешување членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
15. Предлог-решение за именување членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес.
16. Предлог-решение за разрешување член на Училишен одбор на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес, претставник на Општина Велес.
17. Предлог-решение за именување член на Училишен одбор на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес, претставник на Општина Велес.