Дневен ред за 7-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-5526/1
20.08.2013 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 7-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 27.08.2013 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 9:00 часот.

  • Усвојување на записник од одржаната 5-та седница на Советот на Општина Велес
  • Усвојување на записник од одржаната 6-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-измена и дополнување на Буџетот на Општина Велес за 2013 година.
2. Квартален извештај за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2013 година до 30.06.2013 година.
3. Предлог-одлука за утврдување на ценовник за користење на услуги од Територијалната протипожарна единица (ТППЕ) од Велес кои можат да се даваат на физички и правни лица.
4. Предлог-одлука за усвојување на Локална стратегија за родова еднаквост 2013-2020 со Локален акциски план за родова еднаквост 2013-2016 и Оперативен план за родова еднаквост за 2013 година.
5. Предлог-одлука за усвојување на Локална стратегија за вработување 2013-2017 на Општина Велес.
6. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Велес за 2013 година.
7. Предлог-решение за формирање на Комисија за спроведување на постапката за издавање под закуп на простории од објект. (од м.в.„Димитар Влахов“).
8. Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
9. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за изнајмување на училишен простор на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес.
10. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за изнајмување на училишен простор на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес.
11. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ОСУ „Јовче Тесличков“ .
12. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ССОУ „Коле Неделковски“ .
13. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ССОУ „Димитрија Чуповски“.
14. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ „Св Кирил и Методиј“ .
15. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ „Васил Главинов“.
16. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ „Блаже Конески“ .
17. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ „Благој Кирков“.
18. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ „Јордан Х.К.Џинот“.
19. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ „Рајко Жинзифов“ с. Долно Оризари.
20. Предлог-решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с.Иванковци.
21. Информација за извршени работи и задачи на полициската станица Велес за периодот Јануари – Јуни 2013 година.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Александар Колев с.р.