Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-4128/1
22.11.2006 година
В е л е с
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 34-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 29.11.2006 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 13.оо часот.
Усвојување на записник од 32-та седница на Советот на Општина Велес
Усвојување на записник од 33-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 34-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за утврдување и спроведување на Јавна презентација и Јавна анкета на Нацрт Деталниот урбанистички план за „Индустриска зона-Локалитет 1“ Велес.
2.Предлог-одлука за утврдување намена и начин на користење на објект Ликовен салон.
3.Предлог-одлука за пренесување на основно средство.
4.Предлог-одлука за давање согласност за доградба на објект.
5.Извештај за работењето во првите девет месеци од 2006 година на ЈКП „Дервен“ Велес.
6.Извештај за реализираните активности од областа на спортот по делегирани надлежности.
7.Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
8.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.