Дневен ред на 35-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 4199/1
28.11.2006 година
В е л е с

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 35-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 05.12.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д
за 35-та седница на Советот на Општина Велес


1.Предлог-одлука за утврдување и спроведување на Јавна презентација и Јавна анкета на Нацрт изменување и дополнување на Деталениот урбанистички план за „Тунел 2“ УЕ 12, дел од Блок 58 и дел од Блок 59-Велес.
2.Предлог-одлука за утврдување на намена на објект сопственост на Општина Велес.
3.Нацрт- Буџет на Општина Велес за 2007 година.
4.Нацрт- програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес во 2007 година.
5.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) за 2007 година.
6.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието за 2007 година.
7.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт, млади и поддршка на НВО секторот за 2007 година.
8.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита за 2007 година.
9.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита за 2007 година.
10.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста за 2007 година.
11.Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка за 2007 година.
12.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2007 и 2008 година.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.