ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС, АЛЕКСАНДАР КОЛЕВ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДНЕВНИОТ РЕД НА ЗАКАЖАНАТА 17-ТА СЕДНИЦА

Почитувани преставници на медиумите, почитувани сограѓани
 
Во интерес на транспарентноста и јавноста на работата на Советот на Општина Велес, сакам да ја известам јавноста дека на ден 06.03.2014 година, како Претседател на Советот го потпишав Решението за свикување на следната 17-та седница. По претходната координација со координаторите на советничките групи и со градоначалникот беше договорено седницата да се одржи на 13.03.2014 година (Четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот. За 17-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

1. Предлог-одлука за утврдување на потребата од изработка на локална урбанистичка планска документација на територијата на Општина Велес.
 
Со оваа одлука се утврдува потребата од изработка на локална урбанистичка планска документација на територијата на Општина Велес за изградба на повеќенаменско игралиште во дел од дворот на Основното училиште во Караслари и на дел од соседната парцела која е во државна сопственост. Со донесувањето на оваа ЛУПД ќе се овозможи издавање на одобрение за градење на игралиштето, а со тоа и финансирање на дел од изградбата од страна на Агенцијата за млади и спорт.
 
2. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2014 година
 
Една од промените во овогодинешната програма за изработка на урбанистички планови се врши заради допрецизирање на насловот на деталниот план за подрачјето околу фабриката Димко Митрев (ДУП за дел од УБ 49, УЕ 9). Со оваа измена намената Г1- тешка индустрија се брише од насловот затоа што со планската програма се предвидува намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија.
 Исто така со измените на програмата е предвидена и изработката на ЛУПД со намена Д3-спорт и рекреација (спортско игралиште) во КО Караслари.
 Во програмата би влегла и иницијативата на Агроиндустриската групација АГРИА за изработка ЛУПД, со цел да се заокружи процесот на производство и да инвестираат во нов производствен погон за преработка на сувомеснати производи, во склоп на постоечкиот комплекс во кој ќе бидат вработени од 30 до 50 лица. Овие парцели не се опфатени со урбанистичка документација и тоа е причината за Барањето до Советот да се одобри изработка на ЛУПД со самофинансирање за да се оствари инвестицијата.
 
3. Годишен извештај за работењето на Општина Велес за 2013 година
 4. Завршна сметка на Буџетот на Општина Велес за 2013 година.
 
Врз основа на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Велес, Советот треба да ги разгледа и да се произнесе по однос на овие два значајни документи за работењето на локалната самоуправа во изминатата година.
 Од годишниот извештај и од завршната сметка на Општина Велес за 2013 година, може да се заклучи дека локалната самоуправа безрезервно опстојува на својата зацртана визија и мисија за развој и искорисување на сите ресурси и капацитети на општината, со што би се овозможило поквалитетен живот на сите нејзини граѓани.
 На седницата на Советот закажана за оваа недела, останува обврската на советниците да ги разгледаат и да се произнесат по однос на овие два документи.
 
5. Извештај за примена на мерки за енергетска ефикасност во 2013 година.
 
Извештајот за примена на мерки за енергетска ефикасност во 2013 година ги сублимира сите активности на општината за подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти под надлежност на општината. Извештајот ги потврдува заложбите на општината за подобрување на енергетската ефикасност особено во училиштата каде во 2013 година се направени голем број интервенции. Сите овие активности се во согласност со целите и активностите предвидени со програмата за Енергетска Ефикасност 2013-2015. Минатата година за мерки за енергетска ефикасност во училиштата и други јавни објекти се вложени 26.737.090, 00 денари од кои најголемиот дел се обезбедени од донации, а останатите од буџетот на Општина Велес.

6. Извештај за работата и резултати по завршна сметка на ЈКП „Дервен“ Велес во 2013 година.
 
Извештајот работата и резултатите по завршна сметка на ЈКП „Дервен“ го прикажува работењето на претпријатието во текот на 2013 година и истиот ги содржи основните податоци за работењето преку остварениот физички обем на производство и услуги и финансиските показатели. Овој документ е претходно усвоен од страна на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиско работење на ЈКП „Дервен”.
 
7. Годишен извештај за реализацијата на Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес од ЈКП „Дервен“ Велес за 2013 година.
 
Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина - Велес за 2013 година ја реализираше одделот за Јавна комунална хигиена при Р.Е “Комунална хигиена” – Ј.К.П Дервен Велес. Реализацијата на оваа програма се врши преку одржување на јавната чистота на јавните површини и на отворените простори на јавните објекти со цел обезбедување на поквалитетни услови за живот на граѓаните и почиста животна средина. Согласно законските прописи, Советот на Општина Велес како основач на претпријатието, е надлежен да се произнесе по однос на годишниот извештај за реализација на програмата.
 
8. Предлог- план за работа на ЈКП „Дервен“ во 2014 година.
 
Планот за работа за 2014 година на ЈКП „Дервен” поаѓа од целите и интересите утврдени од страна на претпријатието за постигнување на подобри резултати во работењето, а истиот е во согласност со расположливите средства за работа и достигнатиот степен на развој. Планот за работа претставува основа за работење на претпријатието во 2014 година, а неговата реализација ЈКП „Дервен” ќе ја оствари во соработка со граѓаните на Општина Велес, деловните партнери и корисници на услуги како и со локалната самоуправа. Со реализацијата на овој план се очекува претпријатието да работи финансиски добро, што ќе овозможи граѓаните и правните лица да бидат обезбедени со квалитетни услуги во областа на водоснабдувањето, комуналната хигиена, пазарните услуги и одржувањето на зелените површини во градот.
 
9. Годишен извештај за работата со финансиски резултати за периодот од 01.01.2013 до 31.12.2013 година на ЈПССО „ПАРК-СПОРТ“ Велес.
 
Во согласност со Законските прописи до Советот на Општина Велес е стигнато барање за разгледување на годишниот извештај за работата со финансиски резултати за периодот од 01.01.2013 до 31.12.2013 година на ЈПССО „ПАРК-СПОРТ“ Велес. Извештајот е претходно усвоен од органите на управување на оваа институција.
 
10. Предлог-програма за работата и финансиски план на ЈПССО „ПАРК-СПОРТ“ Велес за 2014 година.
 
Програмата за работа на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк-Спорт” Велес, за 2014 година, се темели пред се на условите и можностите кои ги нудат спортските објекти со кои стопанисува ЈП, а во кои ќе се одвиваат планираните програмски активности во текот на 2014 година. Инаку со одлука на Советот на Општина Велес на ЈП му се доделени да стопанисува со спортската сала „Гемиџии”, салата за гимнастички спортови „Партизан”, помошното фудбалско игралиште и ракометното игралиште. Овогодинешната програма се темели на јасно утврдени цели и активности, кои ЈП „Парк-Спорт” има намера да ги превземе за развој на спортот и спортските актвиности како на спортските друштва и клубови така и на сите граѓани во општината.
 
11. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
12. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
13. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
14. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
15. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
16. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Благој Кирков “ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
17. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
18. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското училиште „Блаже Конески“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
19. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
20. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
21. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски - Буридан“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
22. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
23. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
24. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 903,78 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
25. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 903,78 и 603 (општинска) за 2013 година.
 
Од 11-тата до 25-тата точка на дневениот ред се наоѓаат годишните извештаи за работата и завршнте сметки на институциите каде што Советот на Општина Велес се појавува како основач. Годишните извештаи за работата на овие институции претставуваат синтетизиран приказ на постигањата, извршените работи и работни задачи на вработените, стручните служби и раководните тимови. Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес е должен да ги разгледа и да се произнесе по однос на годишните извештаи.
 
26. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Општинскиот советот за детско претстапништво.
 Со донесувањето на Законот за детско претстапништво престанува да важи Законот за малолетничка правда и со тоа терминот „малолетничко претстапништво“ се заменува со нов концептот за правда за деца, затоа што не ги опфаќа само децата кои дошле во судир со законот, туку сите деца кои се во допир со законот. Отука насловот на „малолетничко претстапништво“, се заменува со „детско претстапништво“.
 При одржувањето на средбите на Општинскиот совет, често пати од делегираните членови не присуствува на седниците. Од страна на стручните служби на Општина Велес е испратен допис до сите институции кои што имаат претставник во Општинскиот совет, со цел да не известат доколку некој од именуваните членови по било кој основ не може повеќе да членува во овој совет, да одредат друг преставник од институцијата.
 Од страна на институциите каде именуваниот член не може да членува во советот за детско претстапништво, е предложен нов член и затоа се врши разрешување и именување на нови членови на Општинскиот совет за детско претстапништво.
 
27. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за издавање под наем на училишен простор (поранешна забна амбуланта) на ООУ „Блаже Конески“.
 
Од страна на Училишниот Одбор на ООУ „Блаже Конески“ Велес доставена е Одлука за издавање под наем на училишен простор (поранешна забна амбуланта) која не се користи, а е во склоп на училиштето. Овој простор не се користи од страна на институцијата, а со издавањето под наем може да се добијат дополнителни приходи. Издавањето на овој простор ќе се врши во транспарентна постапка од Комисија која ќе ја формира директорот на ООУ „Блаже Конески“ Велес. Одлуката претходно е одобрена од Управниот одбор на ООУ „Блаже Конески“.
 
28. Информација за работа на Полициската станица Велес за 2013 година.
 
Согласно Законот за полиција, а врз основа на извршените работи и задачи од страна на ПС Велес во текот на 2013 година до Советот на Општина Велес доставена е информација за извршените работи и задачи на полициската станица Велес за периодот Јануари - Декември 2013 година. Советниците в Четврток, ќе ја разгледаат оваа информација и ќе се произнесат по истата.
 
Со тоа е исрцпен дневниот ред за 17-тата седница на Советот на Општина Велес.
 
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат ден пред одржувањето на седницата на Советот, во Среда на 12 март 2014 година.
 
Ви благодарам!