Почитувани преставници на медиумите, почитувани сограѓани
Во интерес на транспарентноста и јавноста на работата на Советот на Општина Велес, сакам да ја известам јавноста дека на ден 28.03.2014 година, како Претседател на Советот го потпишав Решението за свикување на следната 18-та седница. По претходната координација со координаторите на советничките групи и со градоначалникот беше договорено седницата да се одржи на 04.04.2014 година (Петок) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
За 18-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Буџетски календар на Општина Велес за 2015 година.
Согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, од страна на Советот на Општината,потребно е да се утврдат обврските на локалната самоуправа по однос на донесување на буџетскиот календар.
Истовремено со буџетскиот календар се утврдуваат основните активности кои треба да се спроведат во утврдени рокови со цел да се изврши добра подготовка и планирање на буџетот за наредната 2015 година. Календарскиот процес отпочнува со почетокот на фискалната година и завршува со усвојувањето на Предлог-Буџетот за наредната година.
При изготвувањето и донесувањето на буџетскиот календар, Советот на Општината мора да се води од рамките и роковите утврдени со Законот за буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, но и да ги има во предвид спецификите на сопствената општина. Развивањето на детален распоред за еден сложен процес како што е подготовката на буџетот претставува значајна умешност во усогласувањето на самиот процес.
Навременото донесување на буџетскиот календар на општината, е уште еден услов за остварување на успешен буџетски процес.
2. Предлог-одлука за прифаќање на донација на Општина Велес.
Од страна на фамилијата Сарач која живее во Истанбул, Република Турција од1954 година, а кои претходно живееле во градот Велес пристигна барање за прифаќање на донација на урбана опрема и чешма со уредување на дел од парковата површина на ул. „Шефки Сали“ бб.
Поставувањето на чешмата ќе претставува симбол на трајните врски и релации со Велес но и благодарност кон фамилијата Ацевски, кои несебично ја споделувале водата од нивниот извор.
За оваа донација е изработен и Елаборат за поставување на урбана опрема со уредување на паркова површина со извршување на земјени и бетонски работи.
Со цел да бидат испочитувани одредбите од законот кој ја регулира оваа материја-Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, помеѓу давателот и приметелот на донацијата ќе биде склучен посебен договор, и за истата ќе биде изготвен посебен извештај.
3. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2014 година.
Една од промените во годишената програма за урбаниситчки планови прозилегува од потребата за изработка на локална урбанистичка планска документација со која ќе се изврши трансформација на земјиштето на кое што е изградена постојната бензинска станица на Макпетрол на автопатот кај с. Караслари, како и можност за развој на оваа бензинска станица.
Исто така со измените во Законот за просторно и урбанистичко планирање се укинаа сите оптши акти за населени места за кои немаше согласност од Министерството за транспорт и врски, односно општи акти и урбанистички документации за населени места, донесени пред 2005 год. Со предвидувањето на изработка на општи акти за населени места во Програмата на Општина Велес за 2014 год., ќе можат да се донесат нови општи акти кои ќе добијат согласност од Министерсво за транспорт и врски и врз основа на тие акти ќе може да се врши постапување со бесправно изградените објекти како и во иднина да се издаваат одобренија за градење.
4. Предлог-програма за урбана опрема на територијата на Општина Велес.
Советот на Општина Велес согласно Законот за градење донесе Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Велес („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 01/13 и 17/13), како и Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 01/13 и 17/13). По ова, Советот е должен да донесе и Програма за поставување на урбана опрема на јавни површини, кои претставуваат градежно изградено и уредено земјиште. Со нејзниното донесување ќе се постигнат неколку цели: Евиденција на урбана опрема на територија на општината, за кое Општината е должна да води едниствен регистар;
- Естетско обликување, подобрување и воведување на нови стандарди во уредување на просторот;
- Уредување, оплеменување, хуманизација на просторот и заштита на животната средина;
- Можност за активирање на повеќе стари занаети и различни видови на ракотворби преку изработка, изложување и продажба на накит, уметнички предмети, предмети за различна употреба, сувенири;
- Брз сервис и услуга на граѓаните од непосредната близина (продажба на билети за јавен превоз, телефонски говорници, автобуски постојки, продажба на весници, сувенири, цвеќиња).
5. Решение за давање Мислење за програмата за изведување на научно рекреативни екскурзии во учебната 2013/2014 година на ООУ „ Св. Кирил и Методиј “ Велес.
6. Решение за давање Мислење за програмата за изведување на научно рекреативни екскурзии во учебната 2013/2014 година на ООУ „Блаже Конески“ Велес.
7. Решение за давање Мислење за програмата за изведување на научно рекреативни екскурзии во учебната 2013/2014 година на ООУ „ Васил Главинов“ Велес.
8. Решение за давање Мислење за програмата за изведување на научно рекреативни екскурзии во учебната 2013/2014 година на ООУ „ Јордан Хаџи Константинов-Џинот “ Велес.
9. Решение за давање Мислење за програмата за изведување на научно рекреативни екскурзии во учебната 2013/2014 година на ООУ „Благој Кирков“ Велес.
10. Решение за давање Мислење за програмата за изведување на научно рекреативни екскурзии во учебната 2013/2014 година на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари“ Велес.
11. Решение за давање Мислење за програмата за изведување на научно рекреативни екскурзии во учебната 2013/2014 година на ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ с.Иванковци Велес.
Врз основа на Законот за локална самоуправа, Статутот на Општина Велес и врз основа на Правилникот за изведување на ученичките екскурзии и другите слободни активности на учениците, потребно е Советот да даде мислење за програмаите за изведувањена научно рекреативни екскурзии во учебната 2013/2014 година на овие образовни институции.
Инаку од страна на СОВ на 9-та седницата одржана на 24.09.2013 година беа усвоени Годишните програми за работата на овие основни училишта за учебната 2013/2014 година.
Со цел да биде испочитуван Правилникот за начинот за изведување на ученичките екскурзии и другите слободни активности на учениците од основното образование , се бара одобрување – мислење од Советот на Општина Велес, најмалку 20 дена пред нивното изведување. Научно-рекреативните екскурзии ќе се реализираат во текот на месец мај 2014 година.
Според роковите за реализација, се предлага оваа точка да се најде на дневниот ред за оваа 18-та седница.
Со тоа е исцрпен и предложениот дневен ред за 18-тата седница на Советот на Општина.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат во Четврток на 3 април 2014 година.
Ви благодарам!