Дневен ред на 37-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 4563 /1
19.12.2006 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 37-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 26.12.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.
За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 37-та седница на Советот на Општина Велес

1. Предлог-одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Велес.
2. Предлог- Буџет на Општина Велес за 2007 година.
3. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2007 година.
4. Предлог-одлука за определување на потписник при склучување на Поединечен колективен договор.
5. Предлог- програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес во 2007 година.
6. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието за 2007 година.
7. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт, млади и поддршка на НВО секторот за 2007 година.
8. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита за 2007 година.
9. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) за 2007 година.
10. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита за 2007 година.
11. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста за 2007 година.
12. Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка за 2007 година.
13. Предлог-програма за обележување на годишнини на значајни настани и личности за 2007 година.
14. Предлог-решение за давање согласност на Статутот на ЈКП „Дервен“ Велес.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.