Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701- 200/1
18.01.2007 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 39-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 14.02.2007 година (среда), во просториите на Општина Велес, со почеток во 14,оо часот.
Усвојување на Записник од 36-та седница на Советот на Општина Велес
Усвојување на Записник од 37-та седница на Советот на Општина Велес
Усвојување на Записник од 38-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 39-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за применување на Генералниот урбанистички план езеро „Младост“-Велес како урбанистички план вон населено место и урбанистички документации за населени места како урбанистички планови за села .
2.Предлог-одлука за давање на финансиска поддршка на Дневен центар за социјална инклузија на воспитно запуштени деца .
3.Предлог-одлука за давање на времено користење на просторија во објект сопственост на Општина Велес .
4.Предлог-одлука за давање согласност за користење на дел од паркинг простор во ООУ „Блаже Конески“ - Велес .
5.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општина Велес .
6.Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање лиценци за вршење на авто-такси превоз на патници во Општина Велес .
7.Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на обележувањето, опремувањето и користењето на такси станиците во Општина Велес .
8.Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита за 2007 година .
9.Предлог-план за работа на ЈКП „Дервен“ Велес за 2007 година .
10.Предлог-програма за чистење на јавно прометни површини за 2007 година .
11Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило за 2007 година .
12.Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисија за општествени дејности.
13.Нацрт-одлука за давање намена на објекти .
14.Советнички прашања.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с,р.