Врз основа на Законот за локалната сaмоуправа и Статутот на Општина Велес, Претседателот на Советот Александар Колев на ден 10.09.2014 година го потпиша Решението за свикување на следната 23-та седница на Советот на Општина Велес.
Седницата ќе се одржи на ден 17.09.2014 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 11:00 часот. За седницата предложен е следниот дневен ред:
1.Годишен извештај за воспитно - образовната работа во учебната 2013/2014 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес.
2.Годишен извештај за воспитно-образовната работа на ООУ „Васил Главинов“ Велес за учебната 2013/2014 година.
3.Годишен извештај за воспитно - образовната работа на ООУ „Блаже Конески“ Велес во учебната 2013/2014 година.
4.Годишен извештај за воспитно - образовната работа во учебната 2013/2014 година на ООУ „Благој Кирков“ Велес
5.Годишен извештај за работа на ООУ „Јордан Хаџи - Константинов Џинот“ Велес за учебната 2013/2014 година.
6.Годишен извештај за воспитно - образовната работа во учебната 2013/2014 година на ООУ „Рајко Жинзифов“ с. Долно Оризари.
7.Годишен извештај за воспитно - образовната работа на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с.Иванковци во учебната 2013/2014 година.
8.Годишен извештај за воспитно - образовната работа на ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес во учебната2013/2014 година.
9.Годишен извештај за работа на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес во учебната 2013/2014 година.
10.Годишен извештај за воспитно-образовната работа на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес за учебната 2013/2014 година.
11.Годишен извештај за воспитно –образовната работа на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес за учебната 2013/2014 одина.
12.Годишен извештај за работата на ССОУ „Коле Неделковски“ Велес во учебната 2013/2014 година.
13.Годишен извештај за работа на ученичкиот дом во учебната 2013/2014 година на ОУД „Лазар Лазаревски“ – Велес.
Од 1-та до 13-тата точка на дневениот ред се наоѓаат годишните извештаи за работа на основните и средните училишта и на ученичкиот дом „Лазар Лазаревски” кои се однесуваат на учебната 2013/2014 година. Овие годишни извештаи претставуваат синтетизиран приказ на постигањата на учениците, извршените работи и работни задачи на наставниците, стручните служби и раководните тимови. Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес како основач на овие образовни институции е должен да ги разгледа и да се произнесе по годишните извештаи.
14.Предлог-решение за разрешување и именување претставник на Општина Велес за член во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес.
Од страна на претставникот на локалната самоуправа во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПССО „Парк Спорт“ Велес до Советот на Општина Велес испратено е барање за разрешување, поради наведени лични причини и неможност за извршување на оваа функција. Согласно постоечките закони, Советот на Општина Велес треба да именува нов член како претставник на локалната самоуправа во овој орган на управување.
15.Информација за број на запишани деца во општинските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година
Врз основа на Законот за локалната самоуправа, Законот за основното образование, Законот за средно образование и во согласност со Статутот на Општина Велес, Советот на Општина Велес како основач доставува информација за бројот на запишани деца во општинските основни и средни училишта за 2014/2015 година.
16.Информација за работата на полициската станица Велес за периодот Јануари – Јуни 2014 година.
Согласно Законот за полиција, а врз основа на извршените работи и задачи од страна на ПС Велес во текот на првото полугодие од 2014 година до Советот на Општина Велес доставена е информација за извршените работи и задачи на полициската станица Велес за периодот Јануари-Јуни 2014 година. Советниците на 23-тата седница, ќе ја разгледаат оваа информација и ќе се произнесат по истата.
17.Советнички прашања.
Согласно деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
Со последната 17-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 23-тата седница на Советот на Општина Велес.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат во Вторник и Среда на 16 и 17 Септември 2014 година.
Со почит!
Претседател
на Советот на Општина Велес
Александар Колев
12.09.2014 година