Почитувани преставници на медиумите, почитувани сограѓани
Во интерес на транспарентноста и јавноста на работата на Советот на Општина Велес, сакам да ја известам јавноста дека на ден 22.10.2014 година, како Претседател на Советот го потпишав Решението за свикување на следната 26-та седница.
По претходната координација со координаторите на советничките групи и со градоначалникот беше договорено седницата да се одржи на 30.10.2014 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
За 26-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес за 2014 година.
Согласно измените и дополнувањата на програмите за работа на Општина Велес за 2014 година донесени на седница на Советот на Општина Велес, се јави потреба од измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес за 2014 година. Ваквата измена на буџетот претставува редовна пракса во која што се ревидираат и усогласуваат буџетските приходи и расходи.
2. Предлог-Одлука за усвојување на Стратегија за локален економски развој на Општина Велес.
Со оваа Одлука се предлга усвојување „Стратегијата за локалниот економски развој на Општина Велес“. Со Стратегијата поблиску се дефинираат основните правци, насоки и предуслови кои треба да бидат исполнети за развој на локалната економија, ставајќи го во функција целокупниот економскиот потенцијал на општината.
Постапката за спроведувањето на Стратегијата ќе биде во надлежност на Општина Велес и Центарот за развој на Вардарски плански регион врз основа на предложените приоритетни проекти.
Правците во кои ке се движи локалниот економски развој на општината Велес во наредниот петгодишен период ќе биде заснован на развој на локална економија. Генералните цели на локалната стратегија за економски развој во сегментот на претприемништвото и развој на МСП се: одржлив економски развој на општината и намалување на невработеноста, посебно кај младата популација. Стратегијата се темели на неколку столбови и тоа:
• Зголемување на можностите за развој на претприемништво и МСП и вработливоста на човечкиот капитал, преку подобрување и унапредување на условите за работа на претприемачите и МСП и зголемување на можностите за самовработување;
• Создавање на услови за поттикнување на домашни и привлекување на странски директни инвестиции;
• Стимулирање (поттикнување) на креативноста и иновативноста;
• Подобрување на животната средина;
• Развој на транзитен туризам.
Стратегијата останува отворена за измени во однос на содржината и новите идеи и насоки за развој на локалниот економски развој.
3. Предлог-програма за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2014/2015 година.
Со оваа Програма се уредуваат работите за зимското одржување на локалните патишта и улиците, делниците од магистралните и регионалните патишта кои минуваат низ населените места, а се изградени како улици, како и работите за одржување на комуналните објекти, тротоарите (и велосипедските патеки) на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2014/2015 година. Програмата детално ги предвидува предметот и опфатот за зимско одржување на патната инфраструктура, како и сите надлежни органи, институции и субјекти кои ќе се вклучат во извршувањето на работите.
4. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2015 година.
5. Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес за 2015 година.
6. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2015 година.
7. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2015 година.
8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2015 година.
9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2015 година.
10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2015 година.
11. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2015 година.
12. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2015 година.
13. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2015 година.
14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2015 година.
15. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2015 година.
16. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка во 2015 година.
Од 4-тата до 16-тата точка предложени за разгледување на 26-тата седница на Советот на Општина Велес, се наоѓаат и Нацрт-програмите за работа на Општина Велес за 2015 година. Носењето на програмите во нацрт фаза не е законска обврска, но е потврда за добрата пракса која ја има воспоставено општината во поглед на транспарентното и отчетно работење.
По донесувањето на нацртите, ќе следат Јавните расправи на кои ќе се повикаат сите жители од подрачјето на општината кои сакаат да дадат свои предлози за реализација на Проекти за следната година, а потоа до петнаесетти ноември потребно е да се донесат програмите и врз основа на нив да се подготви Буџетот за следната година.
17. Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
До Општина Велес пристигнати се две барања од граѓани за помош на финансиски средства поради опожарување на сопствените семејни куќи. Имајќи ја во предвид оваа непосакувана ситуација, се предлага и ова одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес како финансиска помош при санирањето на материјалните штети.
18. Предлог-Решение за разрешување и именување претставници на Општина Велес за членови на Училишниот одбор во средното општинско училиште„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Од страна на претседателот на Училишниот одбор на ОСУ „Гимназија Кочо Рацин„ Велес до Советот на Општина Велес доставено е известување за разрешување на членови на училишен одбор на ОСУ „Гимназија Кочо Рацин„ Велес. Потребата од разрешување на претставниците на локалната самоуправа во УО на оваа образовна институција е поради изминување на нивните мандати. Со нивното резрешување се јавува потреба од именување на нови членови.
Со тоа е исцрпен и предложениот дневен ред за 26-тата седница на Советот на Општина.
Како дополнување, сакам да образложам дека Советот на својата 26 та седница ќе ги разгледува и Одлуките за доделување на 9 то Ноемвриските награди по повод 9-ти Ноември и тоа:
• Предлог-одлука за доделување на 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес за 2014 година.
• Предлог-одлука за доделување награда за животно дело „Гемиџии“ за 2014 година.
• Предлог-одлука за доделување награда за најстудент „Проф. Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2014 година.
По добивањето на предлозите од Комисијата за општествени дејности, на членовите на Советот ќе им бидат предложени горе наведените одлуки.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат во Среда на 29 октомври 2014 година.
Ви благодарам!