Дневен ред на 40-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-806/1
21.02.2007 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 40-та седница на Советот
на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 28.02.2007 година (среда), во просториите на Општина  Велес, со почеток во12,оо часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 40-та седница на Советот на Општина Велес


  1. Предлог - одлука за донесување на Деталниот урбанистички план за „Индустриска    зона – Локалитет 1”- Велес
  2. Предлог - одлука за утврдување надоместок за извршени прекопи на улици и      тротоари
  3. Предлог - одлука за давање на согласност за доградба на објект .
  4. Предлог - одлука за измена и дополнување на одлуката за отстапување на времено користење на просторија без надоместок.
  5. Предлог - програма за вршење на системска дератизација во Општина Велес
  6. Квартален извештај за први, втори, трети и четврти квартал за 2006 година.
  7. Предлог - решение за распределба на средства од Буџетот на Општина Велес.
  8. Предлог - решение за разрешување и именување на претседател на Организациониот одбор на Културна манифестација „Рацинови средби“.
  9. Информација за воспитно-образовната работа на општинските основни училишта во Велес, во првото полугодие од учебната 2006/2007 година.
  10. Информација за воспитно-образовната работа на општинските средни училишта во Велес, во првото полугодие од учебната 2006/2007 година.
  11. Информација за уписот на ученици во општинските средни училишта во учебната 2007/2008 година
  12. Информација во врска со состојбите на Градскиот пазар
  13. Информација за состојбите со бесправно изградените објекти во Општина Велес

    
Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ

на Советот на Општина Велес
Трајко Бабунски с.р.