СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС УТРЕ ЌЕ ЈА ОДРЖИ СВОЈАТА 33-ТА СЕДНИЦА

Претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев ја информира јавноста дека на ден 05.03.2015 година, е потпишано Решението за свикување на следната 33-ва седница.
По претходната координација со координаторите на советничките групи и со градоначалникот беше договорено седницата да се одржи на 12.03.2015 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.

За 33-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
1. Завршна сметка на Буџетот на Општина Велес за 2014 година.
2. Годишен извештај за работењето на Општина Велес за 2014 година.
Врз основа на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Велес, Советот треба да ги разгледа и да се произнесе по однос на овие два значајни документи за работењето на локалната самоуправа во изминатата година. Од годишниот извештај и од завршната сметка на Општина Велес за 2014 година, може да се заклучи дека локалната самоуправа безрезервно опстојува на својата зацртана визија и мисија за развој и искорисување на сите ресурси и капацитети на општината, со што би се овозможило поквалитетен живот на сите нејзини граѓани.
3. Извештај за примена на мерки за енергетска ефикасност во 2014 година.
Извештајот за примена на мерки за енергетска ефикасност во 2014 година ги сублимира сите активности на општината за подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти под надлежност на општината. Во него се потврдуваат заложбите на општината за подобрување на енергетската ефикасност, што за крајна цел би имало заштеда на средства. Сите овие активности се во согласност со целите и активностите предвидени со програмата за Енергетска Ефикасност 2013-2015. Минатата година беа реализирани 4 проекти со вкупна вредност од 16.053.317 денари, од кои најкрупен е проектот за реконструкција на уличното осветлување. Со овој проект се изврши замена на сите останати живини светилки на целата територија на општината со натриумови со што повеќе нема живини светилки на територија на Општина Велес. Останува обврската, на следната седница, Советниците да го разгледаат и да се произнесат по однос на Извештајот за примена на мерки за енергетска ефикасност во 2014 година.
4. Годишен извештај за работа со финансиски резултати за период од 01.01.2014 година до 31.12.2014 година на ЈПССО „Парк-Спорт“ Велес.
Во согласност со Законските прописи до Советот на Општина Велес е стигнато барање за разгледување на годишниот извештај за работата со финансиски резултати за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 година на ЈПССО „Парк-Спорт“ Велес. Извештајот е претходно усвоен од органите на управување на оваа институција.
5. Предлог-програма за работа со финансиски план за 2015 година на ЈПССО „Парк-Спорт“ Велес.
Програмата за работа на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Парк-Спорт” Велес, за 2015 година, се темели пред се на условите и можностите кои ги нудат спортските објекти со кои стопанисува ЈП, а во кои ќе се одвиваат планираните програмски активности во текот на 2015 година. Инаку со одлука на Советот на Општина Велес на ЈП му се доделени да стопанисува со спортската сала „Гемиџии”, салата за гимнастички спортови „Партизан”, помошното фудбалско игралиште и градскиот стадион. Овогодинешната програма се темели на јасно утврдени цели и активности, кои ЈП „Парк-Спорт” Велес има намера да ги превземе за развој на спортот и спортските актвиности како на спортските друштва и клубови така и на сите граѓани во општината.
6. Извештај за работењето и резултати по завршната сметка во 2014- та година на ЈКП „Дервен“ Велес.
Извештајот работата и резултатите по завршна сметка на ЈКП „Дервен“ го прикажува работењето на претпријатието во текот на 2014 година и истиот ги содржи основните податоци за работењето преку остварениот физички обем на производство и услуги и финансиските показатели. Овој документ е претходно усвоен од страна на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиско работење на ЈКП „Дервен”.
7. Годишен извештај за реализација на Програмата за одржување на јавната чистота на територија на Општина Велес за 2014 година на ЈКП „Дервен“.
Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина - Велес за 2014 година ја реализираше одделот за Јавна комунална хигиена при Р.Е “Комунална хигиена” – Ј.К.П Дервен Велес. Реализацијата на оваа програма се врши преку одржување на јавната чистота на јавните површини и на отворените простори на јавните објекти со цел обезбедување на поквалитетни услови за живот на граѓаните и почиста животна средина. Согласно законските прописи, Советот на Општина Велес како основач на претпријатието, е надлежен да се произнесе по однос на годишниот извештај за реализација на програмата.
8. Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за промена на Планот за работа на ЈКП Дервен Велес за 2015 година.
Планот за работа на ЈКП „Дервен“ за 2015 година е донесен на 29-та Седница на Советот на Општина Велес. Управниот одбор на ЈКП „Дервен“на нивната седница на ден 27.02.2015 година донесе Одлука за промена на Планот за работа на ЈКП „Дервен“ која е доставена до Советот на Општина Велес за добивање на согласност. Промената се однесува на прераспределба на парични средства во износ од 240.000,00 денари поради доуредување на трошоците за амортизација заради планирана набавка на комунални товарни возила – автосмеќар.
9. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2014 година.
10. Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2014 година.
11. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
12. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
13. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
14. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
15. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
16. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
17. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Благој Кирков “ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
18. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
19. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското училиште „Блаже Конески“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
20. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
21. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
22. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски - Буридан“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
23. Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2014 година.
Од 9-тата до 23-тата точка на дневениот ред се наоѓаат годишните извештаи за работата и завршнте сметки на институциите каде што Советот на Општина Велес се појавува како основач. Годишните извештаи за работата на овие институции претставуваат синтетизиран приказ на постигањата, извршените работи и работни задачи на вработените, стручните служби и раководните тимови. Во согласност со законските прописи, Советот на Општина Велес е должен да ги разгледа и да се произнесе по однос на годишните извештаи.
24. Предлог-решение за одобрување средства од Буџетот на Општина Велес.
До Општина Велес пристигнаа повеќе барања за помош поради настанување на пожар на семејни куќи од жители на Општина Велес. Исто така пристигнато е и барање за финансиска помош за учество на натпревар за кој се потребни финансиски средства во висина од 500 евра во кои се вклучени партиципацијата, авионски превоз и сместување. Поднесените барања се доставени за понатамошно разгледување од Комисијата за финансирање Буџет и локален економски развој која ќе предложи решение до Советот.
25. Советнички прашања.
Согласно деловникот за работа на Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес пред советниците е должен да одговори на прашањата кои тие ги имаат, а кои се во интерес на потребите на сите граѓани од Општина Велес.
Со последната 25-та точка, е исцрпен предложениот дневен ред за 33-ва седница на Советот на Општина Велес.
Седниците на соодветните комисии надлежни за разгледување на точките од дневниот ред се свикани и ќе се одржат на 11 март 2015 година.