Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.05/02), член 44-а од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес “бр. 12/06, 3/09, 18/10 и 15/14),а согласно Одлуката за основање на Совет на млади на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 15/14)
Градоначалникот на Општина Велес, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на Општина Велес
1.Се покренува постапка за избор на членови на Советот на млади на Општина Велес.
2.Советот на млади на Општина Велес е советодавно тело на Советот на Општина Велес основан со цел активно вклучување на младите во јавниот живот на Општина Велес(во понатамошниот текст-Советот).
3. Советот го сочинуваат 9 члена, жители на Општина Велес и се на возраст од 15 до 30 години. Членовите се избираат за време од четири години.
4. За членови на Советот се именуваат претставници од:
• Невладини организации кои активно работат со прашања поврзани со работа на младите =5 члена;
• Студентски совети =1 член;
• Средношколски совет =1член и
• Подмладоци на политички партии =2 члена.
5. При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој Јавен повик и тоа:
• Образец 1-Предлог за кандидат за член на Советот за млади на Општина Велес;
• Образец 2-Согласност за прифаќање на кандидатурата за член на Советот на млади на Општина Велес;
• Образец 3-Изјава дека кандидатот кандидатот за член на Советот на млади на Општина Велес е предложен согласно актите на институцијата.
Документите мораат да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот или од страна на застапникот на здружението.
6. Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 5 да приложи и:
- Кратка биографија на кандидатот со CV,
- Фотокопија од регистрација на здружението/институција.
7. Кандидатите мора да ги исполнуваат следните критериуми:
-Да се жители на Општина Велес со постојано престојувалиште;
-Да имаат искуство во организирање и спроведување на активности, за заштита на интересите на младите;
-Искуство во различни неформални образовни, културни , спортски и хуманитарни активности.
8.Ненавремените доставените документи и нецелосната документација нема да се разгледуваат.
9.Рокот за поднесување на предлози за кандидати за членови на Советот е 5 дена од денот на објавувањето на овој Јавен повик.
10.Потребните обрасци од точка 5 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во Граѓанскиот центар на Општина Велес или да се превземат во електронска форма на web страната на Општина Велес.
11.Предлозите за кандидати за членови на Советот се доставуваат до Советот на Општина Велес за Комисија за мандатни прашања, избори и именување лично во архивата на Општина Велес во „затворено плико А4 формат“ со назнака „Предлог кандидат за избор на членови на Совет на млади на Општина Велес“ или на адреса: ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес.
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев